еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата

Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат 104-тата седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците.

По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива – Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од Алијансата за Албанците, и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

На претходна седница Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски.

На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден денар поевтинуваат горивата

Редакција

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Главен фокус на Банката, силна поддршка на населението и стопанството

Редакција

С.А.Р.С , Тајзи и Брас Брадерс го отвораат првото издание на „Скопје се лади“, во сабота на 8. јуни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница