еМагазин
Image default
Свет

Во сообраќајна несреќа во јужна Италија загинаа 12 странски државјани

Вкупно 12 лица загинаа, а три други се повредени денеска при судир на камион и комбе во јужната италијанска област Фоџа, јави ДПА.

Италијанската полиција соопшти дека сите загинати биле странски државјани, кои со комбето се враќале од берба на домати.

Во полициското соопштение не е наведена националноста на загинатите, но италијанските медиуми јавуваат дека станува збор за мигранти по потекло од северна Африка.

Повредени се уште двајца патници од комбето, како и возачот на камионот, кои не се во животна опасност.

По директниот судир со камионот, што превезувал брашно, комбето се превртило на покривот,

На земјоделските површини во Италија вообичаено за берба сезонски се ангажираат странци, кои најчесто работат на црно.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На чеченските војници им е наредено да се мобилизираат, гранатирани руски погранични области

Редакција

Русија претставува „директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО, вели Столтенберг

Редакција

Путин не бил „потресен“ од санкции на ЕУ, бидејќи немал имот во странство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница