еМагазин
Image default
Локално

Во Струга само четири плажи имаат спасители на вода

Само четири плажи во Струга и струшко имаат ангажирано спасители на вода, за поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро.

Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, информира дека до сега спасители на вода ангажирале градските плажи „Версус“ и „Дада“, автокампот Ливадиште и хотел „Изгрев“ за плажата и аквапаркот.

– Оваа туристичка сезона само десетина спасители склучија договор со концесионерите на плажите, вклучувајќи го и аквапаркот во хотел „Изгрев“. Останатите плажи не се обезбедени со обучени спасители на вода, изјави Даути.

Изминатите години, додаде, уште три – четири градски плажи ангажирале спасители на вода, но не е позната причината зошто и годинава не го направиле тоа.

– Капачите да внимаваат додека се забавуваат во водите на Охридското Езеро и да се свесни на ризикот со кој може да се соочат. Посебно апелирам до капачите кои го користат речното корито на Црн Дрим, бидејќи тоа не е дозволено за капење, нагласи Даути.

Изминатите години спасителите на Црвен Крст интервенирале во повеќе наврати при исекотини, топлотни удари, но и кај давеници.

МИА/Фото: ЕЛЕМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Редакција

Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици

Редакција

Во новото пукање во Чаир ранет 35-годишен маж

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница