еМагазин
Image default
Македонија

Во Струмица 13 новозаболени од Ковид-19, најмладиот има осум години и двајца починати

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а двајца пациенти на 29 и 44 години се починати, од кои едниот вчера при транспорт за Скопје, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

– Новозаразените се на возраст од 8 до 62 години. Потекнуваат од досегашни кластери, но и од нови. Апелираме за доследно почитување на мерките за заштита и санкционирање за непочитување на истите. Во четврток треба да се одржи проширен состанок со присуство на градоначалници од регионот и поголем број државни институции, изјави Витанов.

Тој појасни дека во денешниот извештај на Министерството за здравство се објавени нови девет заболени од Струмица, но не се ставени резулатите од тестирањата од приватните болници за четворица новозаболени.

Пред три дена во Струмица беа регистрирани 11 нови случаи на заразени од коронавирусот, а денеска е забележан најголем број на новозаболени. Досега во Струмица се починати седум лица.

Инаку, актуелната состојба со Ковид-19 се разгледуваше на денешниот координативен состанок што се одржа во Општината.

-На состанокот се разгледуваа мерките од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, базирани на Законот за заштита на население од заразни болести. Заедничка е констатацијата дека актуелната состојба е релативно загрижувачка, имајќи в предвид дека бројот на заболени расте.

Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација, туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години, информираа денеска од Општина Струмица.

Апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за задолжително носење маска и одржување физичка дистанца, а одговорното однесување на сите физички и правни лица е клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно новозаразено и две оздравени лица од Ковид-19 во Кичево

Во Куманово шест новозаболени и еден починат од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската војска овде беше окупатор, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата со Бугарија

Редакција

ОМО „Илинден“ од Благоевград: Македонците во Бугарија веќе 60 години се борат за своите права, Бугарија 15 пати осудена за тоа

Редакција

Расте интересот за вакцинирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница