еМагазин
Македонија

Во Струмичко досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник

Во четирите општини во струмичкиот регион досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник на општина Василево за локалните избори во октомври. Кандидатурата ја поднел Иљо Ангов, кој до 30 овој месец треба да го собере потребниот број потписи.

Според информациите од Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија сите зантересирани за пријавување независни листи за советници или градоначалник во општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево можат да собираат потписи до 30 август во подрачната канцеларија или кај нотар.

Инаку, во регионот имаше повеќе најави за независни кандидатури за советнички листи и градоначалник, но до денес е поднесена само една.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни изборите

Редакција

Платформата за родова еднаквост бара од Силјановска Давкова 50% застапеност на жените на позициите на моќ

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница