еМагазин
Image default
Македонија

Во тек е истражна постапка за гинекологот Асани, за случајот со родилката од Дебар

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Никовски на неговиот Фејсбук-профил информираше дека во тек е истражна постапка за гинекологот Мухамед Асани, кој е разрешен од позицијата директор на Општата болница во Струга.

Тој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, кој предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

„Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност.

Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност.

Следен чекор на ДСЗИ беше поднесување на пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга, за што во тек е истражна постапка,“ напиша Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат се огласи Мухамед Асани, разрешениот директор на болницата во Струга: Мојата совест е многу мирна

Поради случајот со родилката од Дебар, разрешен Мухамед Асани, директорот на струшката болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тошковски вели дека не поседува ништо надвор од тоа што пријавил во Антикорупциска

Редакција

Водителката Лила и уште тројца сведоци ќе сведочат за „Рекет“

Редакција

Обвинителството до адвокатот на Боки 13: Исказ може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница