еМагазин
Image default
Локално

Во Тетово приведен 35-годишник баран за издржување затворска казна

Триесет и пет годишен тетовец денеска е приведен во централното градско подрачје откако полицијата постапила по судска наредба за негово лишување од слобода поради потребата од издржување на затворска казна.

Тој бил осуден на една година и два месеци затвор.

-Денеска околу 12 часот и 15 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот тетовец Б.Р., осуден на затворска казна од година и два месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, 35-годишникот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казната е од 100 до 400 евра: Две прекршочни пријави за лажно повикување полиција во Тетово

Редакција

(Видео) Славески не ја препозна градоначалничката Арсовска со новата фризура – хит видео на социјалните мрежи

Редакција

Седумгодишно девојче се здобило со тешки повреди по пад во чешма во училишниот двор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница