еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници

Градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите попладнево додека работеле во тетовска Шипковица.

Според првичните информации на СВР Тетово настрадале А.А. (63) од тетовско Селце и Џ. Ц. (50) од Република Албанија.

– Денес во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале.

Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај, информира Марјан Јосифоски, портпрол на СВР Тетово.

Тој информира дека на местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 15 лица, по три од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, по едно од Струмица, Струга и Кичево

Редакција

(Видео) Голгота на 86-годишна скопјанка: Никој не сакаше да ме оперира, спас најдов во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница