еМагазин
Image default
Бизнис

Во третиот квартал 8.595 слободни работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Во третиот квартал годинава имало 8.595 слободни работни места, а најголем број, 2.550, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Како што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,69 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,16 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,17 проценти, со 647 работни места, по што следи Североисточниот со стапка од 2,05, односно 466 работни места. Полошкиот регион е со најниска стапка на работни места, 0,93 отсто. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Хилтон и официјално влегува во Македонија: Наскоро се отвара хотелот Double Tree by Hilton

Редакција

Народна банка повторно ги зголеми каматните стапки

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Зобек мининг груп“ вреден 6,7 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница