еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во училиште ќе може да се запишат единствено деца кои се вакцинирани

Владата на денешната 135 седница донесе заклучок во било кое училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда.

Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација, информира Министерството за здравство (МЗ).

Според нивните податоци, вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Република Северна Македонија изнесува 24.023.

Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца.

„Само со стапка на вакцинација на над 95 отсто, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата“, посочуваат од МЗ.

Здравствените установи, додаваа, не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и се бесплатни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

116 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19

Редакција

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Редакција

Групацијата 4iG со значителен чекор поблиску да стане мобилен оператор во Северна Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница