еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во унгарскиот Парламент се „скараа“ за Груевски: Од власта велат дека со него се консултираат за Западен Балкан

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, освен во тамошните медиуми, стана тема за расправа и во унгарскиот Парламент.

Денеска во Парламентот од опозицијата прашаа зошто функционери од унгарското Министерство за надворешни работи тајно се среќаваат со Груевски, на што добија одговор од министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој рече дека такви средби ќе има и понатаму.

„Со Груевски досега редовно сум се среќавал, и тоа ќе го правам и во иднина“, рече Сијарто, кој дообјасни дека од Груевски добиваат најавтентичните информации за тоа што се случува на Западниот Балкан.

„Доколку сакаме да ги добиеме најавтентичните информации за тоа што се случува на Западниот Балкан, како се движат процесите таму, нема подобар извор за тоа од човекот кој беше премиер во тој регион цели 10 години“, рече Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ако побара, може да добива плата од 63 илјади денари од Собранието уште една година 

Кој е Ѓоко Камчев, кој седнува во пратеничката фотелја на Груевски

Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски

(Фото) Груевски „тера“ бизнис на брод на Дунав

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем интерес: Над 37 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку онлајн апликацијата

Редакција

ДИК склучи договор со печатницата Киро Д. Дандаро вреден 845,5 илјади евра

Редакција

Димитров: Ние зборуваме македонски, грчките Македонци грчки јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница