еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во јуни 71,4% од потрошената струја од домашни извори

Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521.750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436.990 тони јаглен и 97.452 тони нафтени продукти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе 2.194 гигават часови електрична енергија, што е за 15 проценти повеќе од лани, а зголемувањето на производството, според соопштението од компанијата, се должи, пред се, на зголеменото производство во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти.

Владата, според најавите, денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Претходно донесе мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?

Редакција

Од утре времето облачно, постудено и со обилни врнежи

Редакција

Фон дер Лејен пристигна во Скопје, за Димитров посетата е силен сигнал за исполнување на европското верување за почеток на преговорите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница