еМагазин
Image default
Бизнис

Во јуни Македонија ја посетиле 30,1% повеќе туристи споредено со лани

Во јуни годинава Македонија ја посетиле вкупно 110.319 туристи, од кои 23,5 отсто биле домашни, а 76,5 отсто странски туристи. Тие оствариле вкупно 225.092 ноќевањата при што 30,6 отсто од ноќевањата ги направиле домашните, а 69,4 отсто странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 32,9 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови

Редакција

Независната угостителска комора бара рамноправно вакцинирање на сите угостители

Редакција

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница