еМагазин
Image default
Локално

Во Велес на пешачки тешко повредена 19 годишна девојка

Попладнево во 14:30 часот на пешачкиот премин на плоштадот Срмаале спроти Основниот суд од патничко возило тешко била повредена 19 годишна девојка.

Брза помош веднаш дошла не местото на настанот и укажала помош.

Ккао што информира доктор Василка Пановска Попстеванова, началник на Брза помош тие со екипа на брза помош веднаш и укажале помош и констатирале повреда на глава, градниот кош и екстремитети, ја имобилизирале и таа е во стабилна состојба. Девојката е однесена во Општата болница Велес.

Доктор Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница информира дека девојката била примена и над неа лекарски тим од хируршките амбуланти врши испитувања за нејзината состојба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР најавува засилени контроли во сообраќајот: Во Скопје за еден ден 514 санкции

Редакција

Кои се цените: Во Струга почна зонско паркирање

Редакција

Пијани браќа нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница