еМагазин
Image default
Македонија

Во Велес со Ковид-19 заразени тројца ученици и три воспитувачки, најмногу во изолација деца од градинките

Во велешките училишта позитивни на Ковид-19 се три ученика, од кои двајца од ООУ „Блаже Конески“, а еден од ООУ„Васил Главинов“, додека бројот на ученици, основци и средношколци, како и деца од градинките и ученици од Средношколскиот интернат кои се изолација е 81.

Од овие четири деца се од ООУ „Панко Брашнаров“, 14 од ООУ „Св Кирил и Методиј“, 15 од ООУ „Блаже Конески“, тројца од ОССУ „Коле Неделковски“ и 45 од градинките во Велес, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

По седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Коцевски информира дека тројца наставници/воспитувачи се позитивни на Ковид-19 и сите се од градинката „Димче Мирчев“ која во Велес има шест клона.

Коцевски кажа и дека бројот на наставници и воспитувачки кои се во изолација е 12. Од нив еден од ООУ „Блаже Конески“, еден од ООУ „Рајко Жинзифов“, еден од Гимназијата, еден од хемиското школо „Димитрија Чуповски“, двајца од ОССУ „Коле Неделковски“ и шест воспитувачки од градинката „Димче Мирчев“.

Оо стручните служби на училиштата еден е Ковид-позитивен, од хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, а таму има и еден вработен од стручната служба кој е во изолација.

Од техничките служби во училиштата има еден позитивен од ООУ „Панко Брашнаров“ и еден од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ од село Иванковци и двајца вработени од техничката служба на градинката „Димче Мирчев“ или вкупно четири позитивни, информира Коцевски.

Нема директори од велешките училишта кои се позитивни на Ковид-19, а има двајца директори кои се во изолација заради контакти со лица позитивни на вирусот.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата предложи продолжување на вонредната состојба

Редакција

Пратеникот на СДСМ Костовски не пријавил дека жена му се вработила во МНР, од Антикорупциска казнет со 150 евра

Редакција

По трет пат одложено судското рочиште за случајот со родилката од Дебар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница