еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Во војната во Украина убиени 90 деца, тврдат украинските власти

Канцеларија на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствија на руската армија во земјата досега се убиени 90 деца.

Според информацијата објавена денеска преку платформата „Телеграм“, од почетокот на руската агресија во Украина се убиени 90, а ранети повеќе од сто деца.

Најмногу од жртвите по региони има во Киев, следува регионот Харков, потоа во регионот Доњецк, Чернигив, Суми, Херсон, Миколаев и Житомир.

Во текот на вчерашниот ден се убиени две деца, а две ранети при ракетирање цивилни објекти во регионот Миколаев.

Во бомбардирањата и гранатирањата се оштетени 379 образовни установи, 159 од нив се целосно уништени. Најмногу од нив – 119 се во Доњецката област, потоа следуваат регионот Миколаев со 30, регионот Суми со 28, регионот Киев со 35, регионот Херсон со 21 и градот Киев со 24 уништени образовни објекти.

Конечните податоци допрва ќе се објавуваат, бидејќи е невозможно да се направи увид на места каде во тек се интензивно воени дејствија, објавуваат украинските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Србите за Русите“: Во Белград протест за подршка на Путин

(Видео) Најмалку две лица загинаа во гранатирање на станбена зграда во Киев

(Видео) Русите киднапираа двајца украински градоначалници, локалните жители протестираат

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собрани 235 илјади евра од продажбата на пластични кеси, а за десет пати е намалена нивната употреба

Редакција

Владата одлучи: Полицискиот час се укинува од утре

Редакција

233 лица од 1.382 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница