еМагазин
Image default
Локално

Во вреќа со отпад во Општина „Ѓорче Петров“ пронајдена шок-бомба

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ извршувајќи ги своите работни активности денеска во Општина Ѓорче Петров пронашле шок-бомба во вреќа со отпад.

Како што соопштија од Јавното претпријатие, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во исфрлена вреќа со отпад на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров, забележале шок-бомба.

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелираат до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во претпријатието коишто секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец повреден во сообраќајка меѓу „ауди“ и мотоцикл на МВР

Редакција

Немаше чад, туку пареа, патниците предизвикаа непотребна паника, регираат од „Ројал травел“

Редакција

Свети Николе: 43-годишник се самоубил, откако претходно се обидел да убие 32-годишна жена поради невозвратена љубов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница