еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Протест на Србите во северниот дел на Митровица, КФОР подготвен да интервенира

Српски граѓани денеска се собраа на протест во северниот дел на Митровица, по одлуката на градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово, советници, министри, заменици во косовската влада, судии, обвинители и припадниците на косовската полиција, да поднесат неотповиклива оставка, јавуваат српските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајците ги соблекоа униформите, Србите ги напуштија сите косовски институции

 

„Ја следиме ситуацијата и тесно соработуваме со лидерите во Белград и Приштина, како и со нашите меѓународни партнери, со цел да се одржи безбедна средина за сите луѓе на Косово, по одлуката на Србите од северот на Косово да ги напуштат институциите и по порастот на нови тензии“, информираа од мисијата КФОР на Косово.

Тие ги повикаа сите да се справат со несогласувањата и да разговараат за нив како дел од конструктивен дијалог.

„И Белград и Приштина мора да покажат воздржаност и да спречат ескалација. КФОР останува буден и подготвен да интервенира доколку стабилноста е загрозена“, посочија од НАТО.

Фото: Фејсбук/Српска лига/видео: Ало.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски се сретна со Радев, разговарале за справување со енергетската криза

Редакција

Мира-дизел и го зема приматот на Република Северна Македонија

Редакција

ЈСП Скопје ќе го ревидира проектот: Панорамско тркало нема да се гради

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница