еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Водата во морето на првиот крак на Халкидики е чиста, незагадена и безбедна, велат локалните власти по укажувањето на туристи дека таа е заматена

По укажувањата од граѓаните и туристите за заматена вода и можни проблеми во морето во делот околу Фурка и Посиди на првиот крак на Халкидики, особено по поплавите во Грција, општина Касандра направила анализи на примероците од водата, а резултатите покажале дека е чиста, незагадена и безбедна, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општината соопштија дека завчера ги добиле резултатите од анализите „кои покажуваат дека нема загаденост и нема причина за загриженост“.

-Морето во Касандра е беспрекорно чисто и подготвено да ги пречекаат граѓаните и посетителите, соопштија од општината.

Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа во интервју за солунско радио објасни дека од превентивни причини, проверките ќе продолжат и ќе се земаат примероци на секои два дена.

Додаде дека анализите биле за морскиот дел околу Фурка, Посиди и Сивири поради матната вода, која најверојатно се должи на времето и силниот ветер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажа заедничката седница на владите на Албанија и Косово, Курти го налути Рама

Редакција

Беќаровски: Во светот од Ковид-19 починале 828 лица на еден милион, а во Македонија 4.392

Редакција

Софиски Врховен суд: Каракачанов ги дискриминира Ромите во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница