еМагазин
Свет

Водечки индиски виролог поднесе оставка

Водечкиот индиски виролог Шахид Џамил поднесе оставка од советничкото тело формирано од владата за да се бори против новите мутации на коронавирусот, неколку недели откако го доведе во прашање начинот на кој власта се бори против пандемијата на Ковид-19.

Џамил беше претседател на научно советничката група позната како Инсаког, но тој одби да ја каже причината за неговата оставка.

– Не сум должен да ја кажам причината, напиша тој во СМС пораката до светските агенции.

Инсаког на почетокот на март ја предупреди владата за Б. 1.617 – нов и позаразен вид на коронавирус кој се шири низ целата земја.

На прашањето зошто владата не одговори посилно на откритието на советодавното тело со ограничување на собири, Џамил изјави дека бил загрижен затоа што властите не обрнуваат доволно внимание на доказите што им биле презентирани.

Индиското Министерство за здравство денеска излезе со податокот за нови 281.386 заразени, што за првпат од 21 април е пад на бројките под 300.000 заразенио дневно. Во изминатото деноноќие во Индија умреле 4.106 лица.

Според сегашната траекторија, во следните неколку дена вкупниот број на заразени од епидемијата што ја погоди Индија може да надмине 25 милиони. Вкупниот број на евидентирани смртни случаи е 274.390.

Болниците и натаму се присилени да одбиваат прием на пациенти, додека мртовечниците и крематориумите не можат да се справат со наталожените тела.

Фотографиите и телевизиските снимки од погребните церемонии на паркинзи и трупови на бреговите на Ганг предизвикаа незадоволство од управувањето на владата со кризата.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Пандемијата со Ковид-19 ќе трае и во 2022 година

Редакција

СЗО: Лекот „дексаметазон“ може да биде спас за тешко болни пациенти од коронавирусот

Редакција

Од НАТО пo една година од војната: Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница