еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Објавен сет водичи за еколошка едукација на деца

Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации, велат од О2 Иницијатива.

„Еколошкото образование меѓу другото претставува и запознавање со природата, биолошката разновидност и природните појави и феномени.

Преку него јавноста, особено младите се запознаваат со природните вредности, учат како човекот влијае на нив и како може да се заштити природата – ретките видови и екосистеми.

Иако за дел од овие процеси, учениците може да се запознаат во училница и во училиштата, сепак најдобар начин младите да учат за природата е преку искуствено учење, односно учење со сите сетила, на терен во форма на теренска настава во природата.

Со цел да се помогне и подобри еколошкото образование и природонауката, О2 Иницијативата реши да го создаде и објави сетот Водичи на природата – триплет на мали водичи преку кои учениците од одделенска настава ќе се запознаат со животот во шумата, барите и езерата и низ градското зеленило,“ се вели во соопштението.

Сетот на водичи, во издание на издавачката куќа Чудна Шума, под авторство на Кирил Арсовски Пржо, а издадено за целите на О2 Иницијатива – го води читателот низ мало патување на екосистемите во кое се запознава со живиот свет, животот на растенија и животните, но и начините на кои човекот им влијае и упатства за тоа како можеме да им помогнеме.

Овој сет на водичи, претставува некомерцијално издание кое во наредните недели ќе биде дистрибуирани низ основните училиште и училишни библиотеки низ државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје се гуши: Ќе поскапува паркинг-картата на „Градски паркинг“?

Редакција

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Редакција

(Галерија) Запленето поголемо количество на гуми во Горно Нерези, кои со горење ќе ги труеле граѓаните

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница