еМагазин
Image default
Македонија

Воено-медицинскиот персонал се вклучи во земањето на брисеви за тестирање за Ковид-19

Министерството за здравство информира дека Армијата се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.

„Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот Ковид-19.

Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој непредвидлив вирус, да соработуваат со епидемиолозите, а исто така да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.

Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет нови позитивни на корона вирусот во гостиварскиот регион

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски позитивен на корона вирусот и се наоѓа на Инфективна клиника

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

Редакција

Приведена позната македонска актерка Силвија Стојановска во врска со заплена на дрога

Редакција

Најмладото на 39 години, три се вакцинирани: Од Ковид-19 починале 9 лица, дополнително пријавено уште едно

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница