еМагазин
Image default
Локално

По инцидентот со воспитувачка, вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија

Службите за инспекциски надзор за заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика ивршија вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија и при зедоа изјави од директорката и од вработените во градинката.

– Директорката е задолжена веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

По вчерашното објавување на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, веднаш регираше Министерството за труд и социјална политика и порача дека ќе го расветли случајот во најкраток можен рок.

– Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, соопшти вчера  Министерството за труд и социјална политика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена 62-годишна скопјанка, го нарушила јавниот ред и мир за време на прес-конференција со најавен протест

Редакција

Скопјанец претепан во неговиот дом од тројца гости

Редакција

Скопјанец пронајден починат во својот дом

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница