еМагазин
Image default
Бизнис

Вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран: АХВ извршила инспекција на 89 оператори, уништени 203 килограми на небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во изминатите три дена, спроведоа вонредни контроли во Охридско – струшкиот регион и во Дојран, при што опфатени биле 89 оператори со храна и уништени се над 200 килограми небезбедна храна.

Спроведени се контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркети и други објекти, каде има зголемена фреквенција на туристи, а зајакнати контроли се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места.

– За утврдените неусогласености ( најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови,  нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и др.), издадени се 15 наредби за отстранување на утврдените недоследности, изречени се две забрани за вршење на дејност, 22 мерки едукација на операторите, а изречени се и и 14 парични кзни.

Како небезбедни, од страна на инспекциксите служби на Агенцијата, уништени се 203 килограми храна, информираат од АХВ.

Со спроведените вонредни инспекциски контроли на дваесеттина оператори со храна во Дојран, кај пет од контролираните оператори евидентирани се отстапувања во однос на HACCP плановите, отсуство или несоодветно означување на храната, особено на алергените и други неусогласености од помал обем.

– Изречени се четири мерки за отстранување на утврдените неусогласености, 4 мерки едукација и 2 парични казни. Како небезбедни, во Дојран уништени се само 5,6 килограми храна, се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ, апелираат до граѓаните храна да купуваат од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, а како потрошувачи да внимаваат и на означувањето на производите и каде и како истите се чуваат.

Истовремено, ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта [email protected].

Со засилените контроли, чија цел е спречување на евентуални труења и инфекции од храна, кои лесно можат да се случат како последица на високите температури, од АХВ најавуваат дека во наредниот период опфатени ќе бидат и останатите туристички центри во земјава, вклучително и планинските.

Фото: Photo by Yeh Xintong on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежна офанзива сред корона-кризата: За 62,1 отсто зголемен бројот на одобренијата за градење

Редакција

Тетовски Интерпромет ставен на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Редакција

Затворот „Идризово“ вработува седум лица, плата до 15.718 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница