еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачки фотографии) Нетанјаху објави фотографии од запалени бебиња за кои тврди дека се жртви на Хамас

Информацијата дека милитаните на Хамас обезглавиле бебиња при нападот на Израел е во фокусот на светските медиуми деновиве, а за истата до денеска немаше официјална потврда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој лаже: Израел вели дека Хамас обезглавил и бебиња, милитантите демантираат

Денеска од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер (Х) објавија две фотографии, на кои се гледаат изгорени бебиња до непрепознатливост, а на третата крваво тело на бебе. Од таму тврдат дека бебињата се жртви на Хамас.

„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, стои во објавата на Х.

Во изјавата на Нетанјаху се вели дека сликите се дел од тие што тој му ги покажал на американскиот државен секретар Антонио Блинкен за време на неговата посета на Ерусалим.

Фотографиите уште еднаш предупредуваме се вознемирувачки, а истите ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниската цена главен критериум на тендерот за набавка на вакцини вреден 10,7 милиони евра

Редакција

Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката, како да проверите дали УЈП правилно Ви го пресметал персоналецот

Редакција

МНР: Забрана за прелет на авионот на Лавров донесена согласно владината одлука за затворање на воздушниот простор за руски авиопревозници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница