еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачки видеа) Израел ја бомбардираше најстарата христијанска црква во Газа, во која се засолнати Христијани и Муслимани

Израел синоќа ја бомбардираше најстарата христијанска црква во Газа, грчката православна црква, Св. Порфириј, во која се засолнати палестински Христијани и Муслимани, соопштија палестинските власти, а пренесуваат светските медиуми.

Информацијата ја потврдија и од Ерусалимската патријаршија.

Од Патријаршијата велат дека остануваат посветени на својата верска и морална должност да обезбедат поддршка и засолниште за сите на кои им е потребно, и покрај тековните израелски барања за евакуација на цивилите и притисокот врз црквите.

„Напаѓањето на црквите и нивните згради, вклучително и засолништата што ги штитат невините цивили, особено децата и жените кои ги загубија своите домови за време на израелските воздушни напади врз станбени области во изминатите 13 дена, претставува воено злосторство што не смее да се игнорира“, се вели во соопштението на Ерусалимската патријаршија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манастирот „Св. Порфириј“ во Газа, прибежиште за стотици Христијани и Муслимани

Има десетици загинати и повредени. Точниот број неможе да се утврди поради тоа што дел од лицата се уште под урнатините.

Во црквата беа засолнати околу 400 Палестинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Израел во Газа уби најмалку 1.524 деца, а рани речиси 4.000

(Видео) Канал 4 и Алџезира го разнишаа тврдењето на Израел дека не стои зад нападот на болницата во Газа

Видео/фото: Твитер/Алџезира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.320 случаи на Ковид-19 од 4.174 тестирања

Редакција

(Вознемирувачко видео) Како од полицаец беше убиена триесет и пет годишна жена во американскиот Конгрес

Редакција

Топ пет највисоки плати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница