еМагазин
Image default
Локално

(Вознемирувачко фото) Обесиле мало кутре во Демир Капија: Суштества полни со љубов, вие сте решиле да ги убиете

На Фејсбук-страницата „Шепасти ентузијасти“ е објавена фотографија од обесено кутре која што предизвика револт и жал кај граѓаните.

„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.

Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова? Ова е секојдневието на нашата мизерна држава! Па дали сте вие нормални? Дали вие имате емпатија? Дали вие воопшто имате чувства?

Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества!

Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ. Доколку некој има дополнителни информации околу истиот, Ве молиме да не контактирате на [email protected]“, велат од „Шепасти ентузијасти“.

Фото: Фејсбук-профил/Шепасти ентузијасти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

54-годишен маж од Кочани пронајден починат во неговиот дом

Редакција

Масовна тепачка во џамија во општина Пласница

Редакција

Со „Опел Астра“ удрил пешак во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница