еМагазин
Image default
Локално

(Вознемирувачко фото) Улични кучиња убиле бел паун во црквата Св. Архангел Михаил

Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња, информираат на својот Фејсбук профил од црквата Св. Архангел Михаил во скопска Автокоманда.

“Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајќи прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња.

Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна.

Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов.

Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња, дукатки… и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби“, велат од црквата.

Фото: Фејсбук/Св. Архангел Михаил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Син во Кичево го убил сопствениот татко

Редакција

22-годишен гостиварец силувал 13-годишно девојче, се запознале на „Снепчет”

Редакција

29-годишно момче од Прилеп загина во сообраќајка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница