еМагазин
Image default
Свет

(Вознемирувачко видео) Ирачката инстаграм-ѕвезда и активистка Тара Фарес убиена на улица

Тара Фарес (22), борец за слобода и права, инстаграм-ѕвезда во Ирак, со скоро три милиони следбеници и поранешна мис на Багдад, е убиена на улица во Багдад.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека отворило истрага за убиството на Тара.

Нејзиното тело било однесено во болница во Багдад, а лекарите за локалните медиуми рекле дека починала откако била погодена со три куршуми.

Таа е убиена само неколку дена по убиството на Суад ал-Али, ирачка активистка за човекови права, која беше застрелана и убиена во нејзиниот автомобил во јужниот град Басра.

Минатиот месец пак беа убиени две познати жени од козметичката индустрија во Ирак.

Фото: Инстаграм/Фарес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа“: Пред да се појави во етер руската уредничка снимила видео порака

Редакција

Трамп трајно блокиран на „Твитер“: Пораките што ги пишувал го мобилизирале народот за насилствата во Конгресот

Редакција

(Видео) Градоначалникот на Гдањск избоден до смрт на добротворен концерт

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница