еМагазин
Свет

(Вознемирувачко видео) Од удари на гром во еден ден загинаа 83 лица во Индија

Од удари на гром низ државата Бихар во источна Индија денеска загинаа 83 луѓе, претежно земјоделски работници, соопштија властите.

Многумина од нив беа погодени од гром кога засадувале семиња во 23 од 38-те окрузи во државата, се наведува во соопштението од Владата.

Најмалку десет лица се повредени и се наоѓаат на болничко лекување.

Обилните дождови пред почетокот на сезоната на монсуни го погодија регионот.

Во јули минатата година, од гром во Бихар загинаа 39 лица, исто така за време на монсунските дождови, кои траат до септември.

МИА/Фото/Видео: Sakal timesYoutube/Economic times

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дополнителните дози вакцини против Ковид-19 ќе го ослабнат имунитетот, порачаа од Европската агенција за лекови

Редакција

Македонскиот пасош на 31. место на листата на „најмоќни патни исправи“ во светот

Редакција

Бил Гејтс: Можеме да видиме дека доаѓа крајот на пандемијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница