еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Полицијата брутално тепа демонстранти против мобилизацијата во Русија, уапсени 730 лица

Повеќе од 730 лица се приведени на протестите во Русија против мобилизацијата, соопшти руското движење за заштита на човековите права ОВД-Инфо.

Според ОВД-Инфо има апсења во 32 града низ Русија, од Санкт Петербург до Сибир.

Апсењата се случија три дена откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација.

Протестите се нелегални според рускиот закон, кој исто така забранува каква било активност, која се смета за клеветење на вооружените сили.

„Дали сакаш да бидеш како мене?”, пишувало на транспарент што го држела жена во инвалидска количка на протестот во Москва.

Видео/фото: Сота/Nexta TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академик Живко Попов е нов претседател на МАНУ

Редакција

Тројца менаџери на Оилко лани имале примања од 80.000 евра

Редакција

Докторот Вело Марковски прв кандидат за претседател на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница