еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Шокантни снимки од Чиле: Војската пука во демонстранти

Шокатни снимки деновиве пристигнуваат од Чиле, каде се протестира за зголемувањето на цената на јавниот превоз.

Војската излезе на улица за да ги спречи протестите кои станаа насилни, а како што пренесуваат светските агенции и пукала во демонстрантите.

Последните официјални информации велат дека се загинати најмалку 15 лица. Според властите дел од нив се загинати во пожари или при грабежи на трговски центри во Сантјаго и други населени места, а три лица се застрелани.

Повредени се над 240 лица, меѓу кои и полицајци и војници, а приведени се над 2.200 лица.

Протестите започнаа поради зголемувањето на цената на билетите за метрото во главниот град Сантијаго – одлука која претседателот на државата подоцна ја повлече. Сепак, протестите продолжија, поттикнати од народното незадоволство од економските и социјалните услови во земјата и нееднаквоста.

Фото/видео: Ruptly/HellBentForLeath3r/You tube/Guardian News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каролина совршена на зајдисонце во MANGO

Редакција

(Фото) „Лобираме за македонските интереси“: Со кој се сретна Мицкоски во Вашингтон

Редакција

Проф. Трајковски: Бранот во Битола доаѓа подоцна отколку во Скопје и на североистокот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница