еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персонал

Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надомесетокот за материјалните трошоци.

-Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник, изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требало да го добие заклучно со вчера.

Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Утрово, пред седум часот, сообраќаа само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот беше во целосен прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов прекин на железничкиот сообраќај

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И македонски државјанин меѓу загинатите во експлозија во фабрика во Словенија

Редакција

Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра: За што ќе се троши?

Редакција

Вежбај. Читај книга. Гледај филм. Седи дома: Креативни совети за „битката„ со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница