еМагазин
Image default
Македонија

Вработен во штипскиот затвор позитивен на Ковид-19, петмина негови колеги во изолација

Вработен во штипскиот затвор е позитивен на коронавирусот, а среќа е што немал контакт со осудениците, бидејќи вечерта, кога последен пат бил на работа, стражарел на една од набљудувачниците.

Петмина од неговите колеги кои биле во смената се испратени во изолација. Немаат симптоми, па се очекува деновиве и да се вратат на работните места.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека веќе трети месец во установата се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни дезинфекциони средства.

-Во нашата установа имаме контролирано влегување, со задолжително мерење на телесната температура, задолжителна дезинфекција на сите вработени и осудени лица, како и секојдневна дезинфекција на сите простории во установата, вели Тодоров.

Во штипскиот регион активни се над 160 случаи, а во последните три дена има и речиси 60 оздравени од коронавирусот. Заразените се од познатите фабрички кластери, но и членови на нивни семејства, позитивни има и во Светниколскиот регион, каде што се евидентирани 24 активни случаи.

Но, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели деновиве се очекуваат и вторите негативни тестови за поголемиот број на лица кои го прележале вирусот, а се следи состојбата и на двајца работници во една конфекција, како и на еден поштарски работник, кој на работа одел до средината на минатата недела.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има нов кластер: Четири нови случаи со Ковид-19 во Куманово

Голем број на скопски општини се приближуваат кон 200 заразени од корона вирусот, Чаир на врвот со 454

Починаа уште четири нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 306

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.029 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 119

Редакција

Филипче: Во четврток одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница