еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработени во МЖ Транспорт “копале“ криптовалути на работно место, биле пријавени поради зголемена потрошувачка на струја во нивната канцеларија

Министерството за внатрешни работи вчера уапсило две лица, вработени во МЖ Транспорт, поради злоупотреба на службена положба и овластување.

Двете лица биле приведени по претходна пријава од раководно лице во МЖ Транспорт, откако забележал поголема потрошувачка на струја во една од канцелариите и се посомневал дека некој од вработените ги користи службените простории за копање криптовалути.

Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Сектор информатика во Железници на РСМ, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

За случајот е известен и Јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антидискриминаторската комсија реагира за најавите за паралелен механизам што би ги штител од дискриминација бугарските инвеститори

Редакција

Апелациски: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста

Редакција

ЈСП „Скопје“: Дваесетина лица го спречуваат работењето на претпријатието, ќе следат кривични пријави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница