еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вработените во ЈП „Водовод и канализација“- Скопје од утре ќе штрајкуваат

Одлуката за штрајк во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје едногласно е потврдена на Претседателството на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ), соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ).

-Првпат во историјата на постоењето на ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје, в.д. директорот Маријанчо Митовски е неспособен да ги менаџира состојбите во претпријатието и веќе втор ден ги остави вработените во претпријатието без здравствено осигурување, а со тоа ги оневозможува да користат и здравствени услуги.

Ваквите информации до синдикатот СУТКОЗ и ССМ пристигнаа пред почетокот на седницата на Претседателството на СУТКОЗ на која едногласно беше потврдена одлуката за штрајк во ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, стои во соопштението од ССМ.

Синдикатот СУТКОЗ и ССМ апелираа изминатите денови дека Митовски не смее да раководи со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје поради тоа што, како што се наведува, не ги исполнува условите и поради тоа што не е способен навремено да ги менаџира активностите во претпријатието.

Потсетуваат дека против него има правосилна судска пресуда за физички напад со ладно оружје со затворска казна, како и специјалистички извештај од невропсихијатар.

Според ССМ, Митовски не се грижи ниту за повеќе од 1.000 вработени кои, како што велат, ги остави без правото на здравствена заштита за нив и нивните семејства.

-Очигледно Митовски мора да замине веднаш од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се вели во соопштението од ССМ.

МИА/Фото: ЈП Водовод и канализација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот го обележува Денот на победата над фашизмот

Редакција

Едно починато лице и 141 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Редакција

Илон Маск му даде легитимитет на Биткоинот: Банкарите се плашат, паметните се богатат од криптовалутата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница