еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно, попладне дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. На повеќе места, особено попладне и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови од земјата.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека повремено пороен дожд и грмежи ќе има преку ноќта кон понеделник и в понеделник. Повеќе врнежи во следниве два дена ќе има во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура во однос на денешната ќе биде пониска претежно за 6 до 8 степени.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната од 22 до 29 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И сами можете да си го симнете сертификатот за вакцинација, кој ќе Ви треба за патување, еве како

Редакција

Како да се заштитите од топлотниот бран?

Редакција

Сите детали: Каква е постапката за дарување на крвна плазма, која кај нас за прв пат се употреби за лекување од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница