еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево и ветровито, во Скопје магловито

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку ден краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку ден се очекува делумно да се намали.

Од Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР) информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 4 степени целзиусови.

– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Во понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: За кого не важи полицискиот час и кога ќе се шетаат милениците

Редакција

(Видео) Бугарски новинар провоцира на протестот, нарекувајќи не „Северномакедонци„

Редакција

Евангелија Калуптси избрана за член на УО на Стопанска банка Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница