еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска ветровито и студено

Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка со -16 степени, во Маврово се измерени -13, во Битола и Скопје -12, Штип и Крушево -11, Припеп и Струмица -10, Охрид -7 и во Гевегелија и Дојран -5 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 46 сантиметри, во Маврово 18, а четири во Крушево.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и многу студено, на места со мала облачност и со слаб ветер главно од источен правец. Слично е и утринава.

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во текот на ноќва и утре северен ветер и снег и на пониските места

Редакција

Времето денеска претпладне магловито, попладне ветровито

Редакција

Почина Натка Пенушлиска-Митровска, примабалерина, доајен на македонскиот балет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница