еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето ќе залади: Повремен дожд попладне и утре, температурата до 15 степени

Повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови се очекуваат попладнево во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 14 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе се задржи претежно облачно време со слаб локален дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде меѓу три и девет степени, а дневната од шест до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со минимална температура од седум и максимална дневна од 10 степени.

Во среда и четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а ноќта кон петок и за време на викендот под влијание на влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избравме претседател, папата си замина, сега фатете се за метлата и убаво да сметете

Редакција

СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот

Редакција

На конститутивната седница на Советот на Општина Штип, вратено името Република Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница