еМагазин
ЖИВОТ

Времето утре променливо облачно со засилен ветер, најизразен долж Повардарието 

Времето денеска е сончево со мала облачност, а од попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Како што најавуваат од Управата за хидрометоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, што во некои места ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.

Од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и ќе биде постудено преку денот со услови за слаб дожд во југозападните делови.

Дневните температури од понеделник благо ќе се покачуваат, а утринските ќе се задржат во интервал од најчесто неколку степени под нулата во повеќето места, па се до 3 до 4 степени степени на југоистокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Зголемена хоспитализираност од Ковид-19, но луѓето не се тестираат

Редакција

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ, како симбол за машкото здравје во Градскиот парк  

Редакција

(Фото) Шекеринска во фустан од дизјанерката Тања Кокев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница