еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховен суд го „погреба“ СЈО: Не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не смеело да отвора нови случаи по истекот на „рокот на траење“ од 18 месеци, заклучи Врховниот суд.

На денешната општа седница Врховниот суд утврдил вакво начелно правно мислење, по иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов.

–  Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка – стои во известувањето од Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Висат“ осум истраги на СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 982 случаи на Ковид-19 од 2.805 тестирања

Редакција

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Редакција

Филипче: Најостро го осудувам нападот на лекарот на Клиниката за токсикологија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница