еМагазин
Image default
Македонија

Врнежи од дожд и снег во текот на неделата

Облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините во снег ќе преовладува во текот на оваа недела. Од четврток поради заладување врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминуваат во снег, а во одделни котлини ќе има услови за магла.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо време со подолги сончеви периоди претпладне, а веќе од попладне се очекуваат врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта, врнежите ќе се прошират и во останатите делови, но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со слаба магла претпладне, а преку ден ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе врне дожд. Максималната температура ќе достигне до пет степени.

Утринава најстудено е во Петровец кај Скопје каде во 07:30 часот се измерени -10 степени, а најтопло во Дојран каде температурата е два степена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Редакција

Груевски и Јанкулоска на суд: Нови рочишта за „Насилство во Центар“ и раздвоената постапка за „Тенк“

Редакција

Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП, вели Пенов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница