еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врвулица од мигранти во Македонија: „Филмски“ бегства и приведувања на патиштата

Зачестена појава на откриени случаи на нелегален транспорт на мигранти можат да се забележат во изминатиов период, а најдобар пример за тоа е вчерашниот ден.

Околу 05.00 часот на место викано „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.И., кој управувал возило со кичевски регистарски ознаки.

„При запирање на возилото, тој се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото биле пронајдени 39 лица мигранти (35 од Сирија и четири од Ирак). Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против Б.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти ““, соопшти МВР.

Вечерта, во 19.30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Х.(25) од Велес.

„При контрола на товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х., биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан. Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде  поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Истиот ден околу 20.00 часот кај место викано „Канда“, на магистрален пат Штип – Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Р.С.(30) од Скопје, кој управувал патничко возило „алфа ромео“, со светиниколски регистарски ознаки, а во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Пакистан.

„При неговото запирање, Р.С. се обидел да го побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки припаѓаат на патничко возило „фолксваген“. Р.С. и мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Јас да бев на црната листа на САД, не само што ќе си поднесев оставка, туку тоа ќе го сметав за пораз во мојата кариера

Редакција

Нови 36 случаи на Ковид-19 од 3.569 тестирани, најмногу во Куманово 15, Скопје 7 и Тетово 6

Редакција

Ќе одговара ли некој за штетниот договор со Хеленик Петролеум за рафинеријата Окта?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница