еМагазин
Image default
Спорт

Втор дел на Баскет 3×3 бизнис: Екипите се сѐ подобри!

Со добрата игра и напредокот, време беше за искачување на Баскет 3×3 бизнис едно ниво погоре во организацијата. Заврши првиот дел од  Баскет 3×3 бизнис со тоа што се одиграа 19 кола, за оваа недела да се игра во новиот втор дел под организација на Спортплан.

Од оваа недела се игра во две групи, односно екипите се поделени на групата парни броеви на досегашниот ранг на листата, и на оние екипи кои биле непарни броеви на ранг листата.

Новите правила налагаат по завршувањето на овие натпревари да се игра плеј оф. По завршување на плеј оф-от според организацијата, предвидено е да се игра финале со 4-те најдобри екипи коишто се пласирале на ранг листата.

За играч на месецот е прогласен Борис Борисовски од екипата на компанијата SolutionAde.
Во вториот дел од Бизнис3×3Баскет екипите се во сѐ подобра физичка кондиција и постигнуваат сѐ поголеми резултати.

Проследете ги листите со рангирање на екипите во прилог:

Секој натпревар завршува со пораз или со победа на кошаркарите, но најважното од сѐ е што натпреварувачите од Баскет 3×3 бизнис носат секој со себе по неколку пријателства надвор од салата и се кондициски многу поподготвени.

За да се пријавите и вие во оваа тимска синхронизација, посетете ја веб страницатa  www.biznisbasket.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ ќе учествува на медитеранското карате-првенство во Тунис

Редакција

Трчањето ќе те промени: Започнува пријавувањето на 18. Виз ер Скопски маратон

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница