еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Втор ден прекин на Патничкиот и товарниот железничкиот сообраќај

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државав втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, за МИА изјави дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.

Ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25. во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре нов прекин на железничкиот сообраќај

Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески и Спировски редовно го информирале Велјаноски за протестите на „За заедничка Македонија”, рече Русковска на судењето за „организатори на 27 април”

Редакција

(Фото) „Дом во тишина“ е своевидно враќање дома на Никола Маџиров, во својот јазик

Редакција

„Арс Ламина“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за печатење и пакување на сметки вреден 343.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница