еМагазин
Image default
Бизнис

Втората граѓанска обврзница достапна во експозитурите на НЛБ Банка

Втората граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии е достапна во сите експозитури на НЛБ Банка низ земјава, информираат од таму.

Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари е веќе објавен,  а граѓаните можат да аплицираат за овој финансиски инструмент до 6 ноември до крајот на работниот ден, додека аукцијата ќе биде одржана на 7 ноември, 2023г.

Постапката за купување на обврзниците ќе се одвива со поднесок на барање преку експозитурите на НЛБ Банка во земјава и уплата на предвидениот паричен износ преку платежната сметка на потенцијалниот инвеститор.

Минималниот износ кој граѓаните можат да го вложат во овој финансиски инструмент e 10.000 денари со рок на две години, гарантирaн од државата, и атрактивна каматна стапка од 5%, а на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплати клиентот.

Граѓанските обврзници се можност за граѓаните да ги инвестираат своите слободни средства во развојни државни проекти. Тие не се замена за штедни влогови и инвестиции во други хартии од вредност, туку се надополнување на инвестициското портфолио во земјава и можност за граѓаните за диверзифициран пласман на своите слободни средства.

Повеќе информации за граѓанската обврзница се достапни на веб страната на НЛБ Банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МБФ глобал“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на гумени транспортни ленти вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Ќе затворат легални домашни компании, а преку онлајн страници друг ќе го превземе бизнисот, велат од компаниите за игри на среќа

Редакција

Владата се огради од одлуката на Македонски телеком да наплаќа провизија за плаќање сметки, иако е еден од најголемите акционери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница