еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Соработникот на Димова, второобвинетиот Гочев призна вина, таа и Павлиду не

Второобвинетиот Александар Гочев, кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница, денеска во Основниот кривичен суд призна вина.

Гочев кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја негирал и пред да почне судењето.

Судијката која го води процесот Фанка Јанчулева Михаиловска, одлучи кривичната постапка за Гочев да биде одвоена со цел второобвинетиот да може да ја даде изјавата во присуство на бранител.

Рочиштето за Гочев ќе се одржи на 21 февруари.

Првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“, рекоа дека не се чувствуваат виновно со што судењето против нив продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна судењето против Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Силјан Мицевски по вторпат на распит за „Рекет“, ќе бара парите да му бидат вратени

Редакција

Заклучоци од Берлинскиот Самит: Проширувањето останува стратешка цел и за ЕУ и за земјите од Западен Балкан

Редакција

Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница