еМагазин
Image default
Македонија

Второодделенец и директорка на штипска градинка во изолација

Во основното училиште „Славејко Арсов“ во штипската населба Баби од утринава едно дете е ставено во изолација, откако тестотот на еден од неговите родители покажал дека е позитивен.

-Сакам да ја информирам јавноста дека ученикот, детенцето е од второ одделение и вистината е дека детето не е позитивно, туку неговиот родител, од превентивни причини, мајката на детето одлучила, што е и според протоколите детето да е во изолација, додека нејзиниот тест не излезе дека е негативен, вели Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип.

Таа потенцира дека состојбата во училиштето се следи, учениците од неговата паралелка, но и од останатите немале физички контакт со детето, кое е во изолација. Детето наставата ќе ја следи онлјан, од својот дом.

Директорката на градинката „Вера Циривири Трена“-Штип, Софка Атанасова од денеска е во изолација, бидејќи имала контакт со лице кое е позитивно на коронавирусот.

Раководителот на Секторот за јавни дејности, ЛЕР и образование во Општина Штип, Билјана Казанџиска за МИА ја потврдува информацијата и вели дека директорката нема никакви симптоми, но во согласност со протоколите и да се заштити персоналот, самата директорка побарала да биде во изолација.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН: Од Ковид-19 заразени 42 ученици и 65 наставници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чавков нема вила, неговта одбрана до судот приложи извод од катастарот на Халкидики

Редакција

Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче, вели Бубевски

Редакција

Шпанскиот премиер Санчез доаѓа во Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница