еМагазин
Image default
Балкан

Србија преговара за уште руска нафта, Вучиќ вели дека ќе спречи „изживување над Србија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на седницата на Советот за национална безбедност се разговарало за ефектите од војната во Украина, како и за сето она што се случува во Европа и светот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени деривати и дека разговара „со нашите руски партнери“ за да ја спречи можноста за „изживување над Србија“, бидејќи мнозински сопственик на Нафтената индустрија на Србија (НИС) е руска компанија.

– Гледаме како тоа да го надминеме, да не навредуваме никого, да не повредиме некого, а морaме да ја обезбедиме иднината за Србија и да обезбедиме безбедност за секој човек и секое дете, изјави Вучиќ на предизборен митинг.

Тој ги повика сите во Србија, па дури и оние кои, како што наведе, го кажуваат најлошото за него, да бидат единствени и да бидат со Србија и нејзините сограѓани.

Вучиќ им порача и дека можат да очекуваат „сешто“.

– Денес владата на Црна Гора, што не го направи ниту владата на Мило Ѓукановиќ, го забрани гласањето за нашите избори во Беране, Суторморе и Никшиќ, кажа тој.

Вучиќ додаде дека „Владата на Курти (премиерот на Косово, Албин Курти) побарала од Србија да ја признае независноста на Косово за да се организираат (српските) избори таму.

– Тие ќе го добијат нашиот одговор утре, а овде на северот на Србија, добро знаете каков одговор ќе добијат – ќе добијат одговор на одговорни и сериозни луѓе, но овојпат тоа ќе има далекусежни последици, кажа Вучиќ.

МИА/Фото: Вучиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчките медиуми за одлуката на Бундестагот за старт на преговорите со Македонија и Албанија

Редакција

Во Службен весник на Грција објавена одлуката за дозволен влез на македонските граѓани

Редакција

Телеком Србија го продолжува партнерството со SES

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница